Во овој момент екипата на Тотенхем игра во животна форма и се наметна како сериозен кандидат за титулата во Премиер лигата.
Иако во овој клуб пред почетокот на сезоната не му се даваа многу шанси покрај Сити, Ливерпул и Челси, Спарси после 19 одиграни кола се второпласирана екипа на табелата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последните пет дена, Тотенхем одигра два натпревари на кои постигна 11 погодоци. Прво во неделата Спарси го совладаа Евертон со 6:2, а во вторникот Борнмут со 5:0.
Во првиот споменат натпревар Тотенхем направи нешто што ретко се гледа во фудбалот. Во акцијата кога гол постигна Ериксен учестуваа сите 11 фудбалери, вклучувајќи го и голманот Лорис.
Беше тоа само една од низата акции кои Тотенхем ги направија на последните два натпревари, но оваа е со сигурност најдобрата.
? The perfect team goal. ?#COYS pic.twitter.com/bFYgOo6BH5
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) December 22, 2018