Францускиот репрезентативец Кингсли Коман е трансфер желба на Манчестер Сити, пренесуваат италијанските медиуми.
Медиумите тврдат дека Јувентус не сака да го врати Французинот по истекот на двегодишната позајмица во Баерн, а тоа ќе се обиде да го искористи Пеп Гвардиола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонецот го донесе во Баерн своевремено за само 7 милиони евра за две години договор за позајмица, а сега истото би можел да го направи и на „Етихад“.
Гвардиола има неколку опции на крилните позиции, тука се Нолито и Стерлинг, а во јануари пристигнува и Габриел Жезус, меѓутоа Шпанецот изгледа сака уште неколку опции на бочните страни.
Баерн има опција да го откупи договорот на Коман за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Баварците сеуште немаат донесено конечна одлука.