Пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, Еден Азар откри дека имал можност да игра за клубот од Париз, освен тоа зборуваше и за неговата физичка спремност во текот на летото.
Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи сакал да го доведе Азар во престолнината на Франција. Меѓутоа Белгиецот секогаш им давал негативен одговор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никогаш нема да играм за ПСЖ. Ме бараа повеќе пати, но јас не сакам да играм за друг клуб од Лига 1 освен за Лил. ПСЖ е голем тим и тим со кој можеше да освојуваше трофеи, меѓутоа никогаш не бил во моите планови“, изјави Азар.
Азар го критикуваа што не пристигна во Реал во потребната форма. Многумина сметаа дека поради вишокот килограми во Мадрид не прикажувал настапи какви што се очекувале од него.
„Нема тоа да го кријам, кога сум на одмор тогаш сум на одмор. Јас сум човек кој лесно додава и лесно губи килограми. Кога имав 18 години во Лил имав 72 килограми. Ова лето дојдов и до 80 килограми и ги намалив за десетина дена“, истакна Белгиецот.