Дома Фудбал Останато „Азар е ѕвезда и ќе му донесе многу успех на Реал“

„Азар е ѕвезда и ќе му донесе многу успех на Реал“

Селекторот на белгиската репрезентација, Роберто Мартинез е убеден дека Еден Азар го чекаат подобри денови во Реал Мадрид.

Азар минатото лето за 100 милиони евра пристигна од Челзии, но одигра само 20 натпревари затоа што често беше повреден.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Правам позитивна проценка затоа што фудбалерот треба да се оценува во добри и во лоши времиња. Оваа година беше најтешка во кариерата на Азар затоа што тој никогаш не пропуштил толку многу натпревари. Азар е ѕвезда во Реал и ќе му донесе многу успеси на тимот“, вели Мартинез.

Тоа го чекаат и навивачите на шпанскиот гигант, а Белгиецот сигурно ќе им го докаже следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…