Грчки навивач на АЕК беше убиен во жестока пресметка со навивачите на Динамо Загреб пред натпреварот кој требаше да се игра вечерва, но УЕФА го одложи.
Според информациите на грчките медиуми, брзата помош го пренела 29-годишниот навивач во болница каде што докторите се бореле да му го спасат животот. Покрај него имало уште неколку повредени навивачи кои биле во исчекување, а на крајот им биле соопштени лошите вести.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
АЕК на своите официјални профили постави темна фотографија во спомен на убиениот Михил, а објавија и негова фотографија со порака:
„Михаил, АЕК никогаш нема да те заборави, бараме максимална казна за убијците“.
Μιχάλη, η ΑΕΚ δε θα σε ξεχάσει ποτέ! Παραδειγματική τιμωρία για τους δολοφόνους και τους υπεύθυνους! pic.twitter.com/h0ug4XosVx
— AEK F.C. (@AEK_FC_OFFICIAL) August 8, 2023