Дома Фудбал Англија Адриан потсети на времето на Кариус, но Ливерпул стигна до втората победа (ВИДЕО)

Адриан потсети на времето на Кариус, но Ливерпул стигна до втората победа (ВИДЕО)

Ливерпул стигна до втората победа во второто коло од Премиер лигата.

„Црвените“ после Норвичи (4:1) во првото гостување во Премиер лигата оваа сезона го совладаа Саутемтптон со 2:1. Мане со прекрасен гол ги доведе во водство кон крајот на првиот дел, за Фирмино во 71 да зголеми на 0:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фаворитот изгледаше сигурно, но во финишот сепак стравуваше поради големиот кикс кој го направи резервниот голман Адриан.

Адриан кој беше херој пред неколку дена во Супер купот направи голем кикс кога го погоди Ингс во обидот да додаде до своите соиграчи и така беа поставени конечните 1:2.

Резултатит од останатите натпревари:

Астон Вила – Бурнемоут 1:2

Брајтон – Вест Хем 1:1

Евертон – Вотфорд 1:0

Норвич – Њукасл 3:1

Саутемптон – Ливерпул 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…