Дома Фудбал Останато Адеми: Нема да ме спречат повредите, во битката за титулата секој бод е важен

Адеми: Нема да ме спречат повредите, во битката за титулата секој бод е важен

Aријан Адеми после скоро два месеци вчера конечно одигра цел натпревар за Динамо Загреб.

Освен што одигра 90 минути Адеми донесе и победа против Ријека со својот гол за 1:2. Со овој триумф Динамо направи голем чекор кон одбрана на шампионскиот трофеј, победничкиот гол Адеми го постигна во 86-та минута.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Нема да ме спречат повредите, поддршката од навивачите ми дава сила да го дадам најдоброто, мило ми е што и помогнав на екипата да победи“, изјави Адеми.

Адеми потенцираше дека секој бод до крајот на сезоната ќе биде од големо значење за неговиот тим.

„Победата навистина многу значи, се бориме за титула и секој бод е важен. Не чека тешка борба и уште неколку дерби натпревари…Никој повеќе нема право на кикс“, порача македонскиот репрезентативец.

Во овој момент Динамо има 63 бода и два повеќе од второпласираниот Осијек, но има и натпревар помалку од ривалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите револтирани: Перез сака да плати 27 милиони фунти за фудбалер кој никој не сака да го види во Реал Мадрид

Ново трансфер-поглавје се отвора на релацијата помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Сп…