Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми моментално е надвор од терените поради повреда и не можеше да и помогне на Македонија во квалификациите.
Капитенот на Динамо Загреб се повреди за време на дуелот од Лигата на шампиони, но најави наскоро враќање на терените.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Адеми ја излечи повредата на бутниот мускул, а за хрватските медиуми откри дека ќе се врати за дуелот со Вест Хем.
„Почнав посериозно да тренирам. Чувствувам мала болка, но тоа во оваа фаза е нормално, имам мало воспаление на мускулите. Се е подобро од претходно, се надевам дека ќе можам да играм против Шибеник, за дуелот со Вест Хем сигурно ќе бидам спремен“, изјави Адеми.