Дома Фудбал Лига на шампиони Адеми асистираше и погоди за Динамо, а играл со болки!

Адеми асистираше и погоди за Динамо, а играл со болки!

Динамо Загреб вчера се пласираше во последното квалификациско коло од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните беше македонскиот фудбалер Арјан Адеми кој забележа гол и асистенција.

Адеми го отвори резултатот во првото полувреме, а потоа во вториот дел запиша асистенција кога погоди Дани Оллмо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Овој одличен настап на Адеми уште повеќе на значење доби после натпреварот бидејќи Адеми призна дека натпреварот го играл со болки кои ги почустувал на загревањето.

„Одигравме одличен натпревар и тешко е било што да се каже. Заслужено се пласиравме во следната фаза. На загревањето јас почуствував болки, но се ипслатеше тоа што одлучив да играм. Погодокот? Па Олмо ме најде, потоа јас го пронајдов него и така…“, изјави Адеми.

За влез во Лигата на шампионите на Динамо им останува уште една пречка, а тоа ќе биде Розенборг со кого ќе играат во плеј-офот.

https://www.youtube.com/watch?v=XyvaPiYegyQ
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валенсија игра во одлична форма – седум меча по ред не знае за пораз (Видео)

Фудбалерите на Валенсија продолжуваат со импресивната низа без пораз, откако денеска одигр…