Како што пишуваат медиумите на Островот, Серхио Агуеро изјавил дека нема намера ова лето да го напушти Манчестер Сити.
Агуеро има договор на уште две години со Манчестер Сити, и вели дека сака да остане во клубот до крајот на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Често се шпекулираше за неговото заминување, бидејќи не беше стандарден од доаѓањето на Пеп Гвардиола, а донекаде и тој самиот ја „разгори“ приказната во февруари кога изјави дека клубот ќе ја донесе одлуката за неговата иднина на „Етихад“.
„Ми останаа уште две години до истекувањето на договорот. Задоволен сум овде и ќе останам до крајот на договорот кој го имам. Не размислував за тоа каде би можел да ја продолжам кариерата. Фокусирам сум на својата работа во Сити“, изјави Агуеро.
Иако некое време помина на клупата, во сите натпреварување постигна 33 гола.
„Мислам дека немав лоша сезона. Бев во прилично добра форма. Пропуштив неколку натрпевари и поради тоа не бев во можност да и помогнам на екипата, но кога се ќе се погледне, сезоната не беше лоша“, изјави Аргентинецот.