Голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ја доби наградата за играч на месец февруари во Премиер лигата.
Аргентинецот постигна седум гола на четири меча за „граѓаните“, притоа успеа да постигне два хет-трика.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Агуеро ја добива оваа награда по шести пат во кариерата, но прв пат оваа сезона. Напаѓачот има 18 гола од почетокот на сезоната и е прв на листата стрелци со еден гол повеќе до Мохамед Салах.
Наградата за најдобар менаџер за месец февруари очекувано замина во рацете на Пеп Гвардиола, кој ја победи конкуренцијата од Оле Гунер Солскјер и Унаи Емери.
4 games. 7 goals. Back-to-back hat tricks.
It had to be @aguerosergiokun… ? #FIFA19 #FUT @premierleague #POTM pic.twitter.com/XEc2K8J4v6
— EA SPORTS FIFA (@EASPORTSFIFA) March 8, 2019