Агентот на Лаутаро Мартинез потврди дека напаѓачот наскоро ќе го продолжи договорот со „нероаѕурите“.
Двете страни веќе подолго време преговараа за нов договор, бидејќи Лаутаро беше еден од најмалку платените фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните информации се дека двете страни постигнале договор и наскоро Лаутаро ќе стави потпис на нов 5-годишен договор.
Аргентинецот ќе добие значително зголемување на платата и ќе биде меѓу најплатените фудбалери во тимот со 6 милиони евра по сезона.
„Недостасуваат само мали детали, наскоро договорот ќе биде потпишан. Лаутаро е среќен во Интер и се радува што ќе продолжи да игра за така голем клуб“, изјави менаџерот на Аргентинецот.