Агентот на Милинковиќ-Савиќ, Матија Кежман потврди дека играчот и после овој трансфер прозорец ќе остане во Лацио.
СМС после уште една одлична сезона се очекуваше ова лето сигурно да направи трансфер, особено поради фактот што за него интерес покажуваа неколку европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Кежман потврди дека Лацио поставил висока цена за Милинковиќ-Савиќ, која никој од заинтересираните клубови не бил спремен да ја плати.
„Одлуката е донесена, тој ќе остане во Лацио ова лето. Многу клубови покажаа интерес за Сергеј, но никој не беше спремен да ја плати сумата која ја бараше Лацио“, изјави Кежман.
„Њукасл покажа интерес, но тоа не е опција бидејќи Сергеј сака во иднина да игра во клуб кој постојано настапува во ЛШ. Милан и Јувентус исто така силно го посакуваат, но беа искрени со мене и ми кажаа дека нема да можат да ја платат сумата која ја бара Лацио“, додаде агентот.