Дома Фудбал Италија Агентот: Бака е среќен во Милан!

Агентот: Бака е среќен во Милан!

Во изминатиот период се појавија гласини дека Карлос Бака во јануарскиот преоред рок би можел да го напушти Милан, но неговиот агент категорично го демантираше тоа.

Агентот тврди дека Бака е среќен во Милан и дека раководството исто така нема намера да го пушти Колумбиецот да замине од „Сан Сиро“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Бака е многу среќен во Милан. Покрај тоа, тренерот Винченцо Монтела и луѓето од раководството се задоволни од неговите партии и не сакаат да го пуштат“, истакна агентот Серхио Барија.

Медиумите константно пишуваат дека Бака е трансфер цел на Вест Хем и ПСЖ, но според оваа изјава тој најверојатно ќе остане во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Икарди заминува, избира помеѓу Италија и Шпанија?!

Фудбалерот на Галатасарај Мауро Икарди е на “излезната врата” на турскиот шамп…