Дома Фудбал Англија Абрамович не смее да се врати во Русија, му се заканува затвор

Абрамович не смее да се врати во Русија, му се заканува затвор

Роман Абрамович нема да може да се врати во Русија бидејќи многу реална е опцијата да заврши во затвор, пренесуваат медиумите во Англија.

Рускиот олигарх започна со распродажба на својот имот на Островот после започнувањето на војната во Украина. Од тогаш почнаа „лавина“ на санкции како кон Русија, така и на одредени олигарси кои го поддржуваат Владимир Путин.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Минатата недела Абрамович преку својот портпарол потврди дека ја прифатил улогата на медијатор за да се најде мирно решение, а потоа излезе со соопштение дека го продава Челзи и го употреби зборот „војна“.

Тоа е спротивно на позивијата на Москва која случувањата во Украина ги нарекува „специјална воена операција“, а се спротивно на позицијата на Кремаљ во Русија се казнува со нов закон донесен минатата недела.

Имено, во новиот закон се наведува дека се спротивно на позицијата на Кремаљ се смета за пропаганда и се осудува со казна затвор од 3 до 15 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гуехи заврши во Сити, Ливерпул најде нова мета – еден од најдобрите дефанзивци во светот!

Заминувањето на Марк Геји, кој се согласи да се приклучи на Манчестер Сити овој јануари, о…