
Нов пораз за Реал Мадрид во сезоната која за „кралевите“ како да нема крај. Поразот од Барселона, и тоа во натпревар во кој се бореа за титулата и имаа водство од 2:0, ги уништи сите надежи на Мадрид за првенството и разоткри сериозни слабости во тимот што беа постојана главоболка за Анчелоти, сега веќе селектор на Бразил. Одбраната беше, без сомнеж, најголемата црна дупка на Реал, пишува Релево.
Тимот под водство на Карло Анчелоти го загуби натпреварот со 4:3 од Барселона, но лесно можеше да прими уште неколку гола. Каталонците доминираа од првата до последната минута, а единствената вистинска закана од другата страна беше Мбапе, додека Ламине Јамал правеше хаос во одбраната што ја чуваше Тибо Куртоа при секоја офанзивна акција.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Кога ќе се погледнат примените голови, навивачите на Реал се ловат за глава. Првиот стигна поради лошо изведен прекин, каде што Ерик Гарсија неопречено постигна гол од неколку метри. Кај вториот, Јамал беше оставен сам во најопасната зона.
Третиот гол дојде поради неверојатна грешка на Лукас Васкес, кој ја изгуби топката близу сопствената шеснаесетка. Четвртиот беше последица на лошата реакција на Себалос кој ја прекина контрата на Мбапе, но со тоа само дополнително го разоткри целиот хаос во одбранбениот систем на Реал.
Поразот во Ел Класико ги разоткри вистинските состојби на одбраната под Анчелоти. Цела сезона клубот се мачеше со повреди во последната линија, а решенија немаше. Во зимскиот трансфер-период не реагираа, а резултатот на тоа се виде токму против Барселона – целосен распад на системот.
Во одбраната на ова Класико покрај Куртоа, започнаа Лукас Васкес, Чуамени, Асенсио и Фран Гарсија. „Со оваа одбрана тешко би се квалификувале дури ни за Конференциската лига“, велат од соблекувалната на Реал Мадрид.
Фото: Принтскрин