Дома Фудбал Ѕвездата на Дортмунд се сели во Премиер лига?

Ѕвездата на Дортмунд се сели во Премиер лига?

Карим Адееми може да ја напушти Борусија Дортмунд наредната година.

Репрезентативецот на Германија упорно одбива да преговара со Борусија Дортмунд, кои инсистираат на продолжување на соработката и по договорот кој истекува летото 2027.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Германецот летово влегува во последната година од договорот и Борусија ќе биде приморена да го продаде доколку не потпише нов, а засега изгледа дека разделбата е најреална опција.

Интер одамна го контактираше Германецот, но Адееми размислува за Премиер лигата, која му е апсолутен приоритет.

Него го застапува Жорж Мендеш кој е одамна во контакт со други клубови, така што е јасно дека тој е идеален човек да му пронајде идеален тим.

Адееми има 23 години, во Дортмунд стигна од Салцбург летото 2022 за 30.000.000 евра. Досега има одиграно 121 натпревар, со учинок од 29 голови и 22 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Молк на Етихадот, Пеп веќе одбра нов клуб? Се чека вистинскиот момент

Пеп Гвардиола го презеде Манчестер Сити во летото 2016 година, откако претходно ги водеше …