Дома Фудбал Ѕвездата на Баерн по боксерици шеташе на снег (Видео)

Ѕвездата на Баерн по боксерици шеташе на снег (Видео)

Напаѓачот на Баерн Минхен, Николас Џексон, повторно ги насочи светлата на јавноста со еден необичен потег надвор од фудбалските терени.

Џексон на социјалните мрежи објави видео од Минхен, каде што реши на свој начин да го „прослави“ минхенскиот снег. Имено, сенегалскиот фудбалер прошета низ снежните улици облечен само во гаќи.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Поранешниот играч на Челси, без никаква воздржаност, чекореше низ белата покривка, со опис на објавата на неговите профили.

„Веќе не ми е ново ова, зимата е дел од мојата рутина“, напиша Џексон.

Сенегалецот уште еднаш покажа дека умее да привлече внимание, дури и кога не се наоѓа на фудбалските терени.

Оваа сезона има постигнато пет гола и една асистенција во 22 натпревари за Баерн, каде што дојде на едногодишна позајмица од Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер може да го замени Зомер со италијански голман

Плановите на Интер за летниот трансфер период ги опфаќаат позициите на голманите. Јан Зоме…