Дома Фудбал Ѕвездата на Атлетико може да заработи сериозна суспензија: Ја навредуваше мајката на судијата!

Ѕвездата на Атлетико може да заработи сериозна суспензија: Ја навредуваше мајката на судијата!

На ѕвездата на Атлетико, Анхел Кореа, му се заканува строга и долга суспензија поради инцидентот направен на натпреварот против Хетафе.

Имено, судијата Гуљермо Куадра Фернандез му покажа црвен картон во 88. минута од натпреварот, а потоа напаѓачот на Атлетико му се обрати со навредливи зборови.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Според службениот извештај на делегатот, Кореа ја навредувал мајката на судијата во лице, што јасно може да се види и од неговите усни бидејќи не ги покри со рака.

“Син на кучка, кукавицо! Да ти е*ам мајката во п***ка”, е приближен превод на македонски од она што Кореа му го кажал на Фернандез.

Кореа потоа на социјалните мрежи објави јавно извинување кон судијата, со објаснување дека бил луц што ги оставил своите соиграчи на цедило.

Но, тешко дека јавното извинение ќе му помогне да избегне строга казна. Имено, според правилата на Ла Лига, навреда или користење на навредлив јазик кон судија се казнува со суспензија од четири до 12 натпревари.

Инаку, кога Кореа беше исклучен, Атлетико водеше со 1:0, но до крајот на натпреварот Хетафе направи пресврт и победи со резултат 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постекоглу: Не ми е гајле што мислат во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, бурно реагираше на прашањето на новинарот на прес-…