
Се чини дека на Пеп Гвардиола ќе му се исполни желбата и дека ќе доведе играч на Реал Мадрид во редовите на Манчестер Сити, кој веќе долго време сака да го види во својот тим.
Во Реал Мадрид на лето ќе има сериозни промени. Ксаби Алонсо ќе стане новиот тренер, по што ќе следи решавањето на коцките од составот на тимот.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Веќе некое време се спомнува кој ќе замине од кралскиот клуб, а изгледа дека еден играч се согласил да биде жртвено јагне со цел Реал да заработи огромни пари.
Според пишувањата на медиумот „Диарио“, Реал Мадрид одлучи да го жртвува Родриго Гоеш, а се шпекулира дека Бразилецот се согласил на таа идеја, но под еден услов.
Тој единствен услов е да замине во Манчестер Сити, бидејќи одличниот напаѓач сака да продолжи да игра на врвно ниво и не го интересираат егзотични дестинации како Саудиска Арабија.
Родриго најдобро би сакал да остане во Реал, минатата година го продолжи договорот до 2028 година, но не сака повеќе да биде дванаесетти играч и совршена замена, туку редовен стартер.
Минатата сезона Карло Анчелоти редовно го користеше, но со доаѓањето на Килиан Мбапе постепено повторно пресели на клупата.
Фото: Принтскрин