
Според шпанските медиуми, Црвена звезда го има идеалното засилување за иднината, бидејќи се работи за капитенот на младинците на Барселона, Хуго Алба.
Хуго Алба неодамна како капитен ја подигна титулата во Младинската Лига на шампионите. Претходно ја освои и Ла Лига и Купот на Шпанија, исто како капитен на тим во кој игра и потенцијалниот босански репрезентативец Еман Кошпо.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Освен што е капитен, Хуго Алба е и главен напаѓач на младиот тим. Со неговите пет голови оваа сезона во Лигата на шампиони го привлече вниманието кон себе.
Informa @__AngelGarcia__ que el Estrella Roja de Belgrado está muy cerca de conseguir los servicios del capitán del @FCBarcelona juvenil Hugo Alba pic.twitter.com/20pX4S5SOA
— solofichajes123 (@solofichajes123) June 4, 2025
Како што известува шпанскиот новинар Анхел Грасиа, Црвена звезда е многу блиску до потпишување договор со Хуго Алба. Преговорите со капитенот на младинскиот состав на Барселона се во завршна фаза и би можел да ја замени Каталонија со Белград.
Алба би требало да се приклучи на сениорскиот тим на Звезда бесплатно и со својот развој, потенцијално би можел да донесе значителен финансиски придобивки за белградскиот клуб.
Младиот шпански напаѓач има 19 години и завршува со својот младински фудбал. Од следната сезона планира да игра во сениорскиот тим. Многу клубови се заинтересирани за неговиот потпис, но Звезда во овој момент се чини дека е во најдобра позиција.