Дома Фудбал Oфицијално: Грем Потер се врати во Премиер лигата!

Oфицијално: Грем Потер се врати во Премиер лигата!

По неколку дена преговори, дури и додека поранешниот тренер беше во клубот, Вест Хем има нов шеф на стручниот штаб. „Чеканите“ во продолжение на сезоната ќе ги предводи Грем Потер.

Англискиот стратег доаѓа на „Лондонскиот стадион“ како замена за Хулен Лопетеги кој не ги исполни очекувањата.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Потер од април 2023 година немаше работа, а до тогаш беше тренер на Челси. Не се прослави на „Стенфорд Бриџ“, но пред тоа се истакна во Брајтон, Свонси и шведскиот Естерсунд.

Потер ги договори сите услови со раководството на „Чеканите“ и ќе потпише договор на две и пол години. Познати се и членовите на стручниот тим со кој Потер ќе соработува, а тоа се Нарсис Пелах, Били Рид и Бруно Салтор.

Потер ќе ја има можноста да дебитира на клупата на Вест Хем веќе во петок, во натпреварот против Астон Вила во рамките на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Астон Вила подготвува понуда до ПСЖ за Асенсио

Астон Вила подготвува официјална понуда до Пари Сен Жермен за Марко Асенсио, откако веќе с…