Дома Фудбал Знаете ли како му оди на Солскјер?

Знаете ли како му оди на Солскјер?

Оле Гунар Солскјер оваа зима го презеде турскиот Бешикташ и овој викенд ја забележа петтата победа во првите седум натпревари.

Во месец дена на клупата Норвежанецот покажал дека управата донела добра одлука кога го довела наместо Халим Октај. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Солскјер синоќа го победи Ејупспорт кој од клупа го предводи Арда Туран со резултат 1:2 и тоа беше трета првенствена победа во низа и четврта вкупно со Купот на Турција.

Солскјер доживеа единствен пораз од Твенте во групната фаза на Лигата на Европа, од која Бешикташ испадна.

Бешикташ сега е четврти на табелата со 41 бод, Галата и Фенер се многу далеку со 16 и 22 бода повеќе, но третопласираниот Самсун е достижен со пет бода повеќе. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако не ја освои титулата, Артета добива отказ: Челниците на Арсенал веќе избраа нов тренер

По неуспехот на домашен терен против Борнмут, иднината на Микел Артета на клупата на Арсен…