Дома Фудбал Златан Ибрахимовиќ има здравствени проблеми, фановите загрижени

Златан Ибрахимовиќ има здравствени проблеми, фановите загрижени

Златан Ибрахимовиќ моментално се бори со сериозен грип, што предизвика загриженост кај неговите симпатизери и медиумите во Италија.

Иако е пензиониран, популарниот Ибра сега ја извршува функцијата советник во Милан, и е многу ангажиран во водството на тимот и давањето поддршка на играчите. Сепак, привремено Ибрахимовиќ не е во состојба да ја врши својата работа поради помали здравствени проблеми.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во текот на богатата кариера, Швеѓанецот помина низ многу повреди и операции, но не се соочил со болест која комплетно ќе го извади од ритам. Иако досега покажуваше голема физичка сила, сега посериозниот грип си го направи своето и Ибрахимовиќ мора малку да одмори.

Според последните информации од италијанските медиуми, закрепнувањето на Ибрахимовиќ напредува во позитивна насока и наскоро ќе се врати на својата работа со „Росонерите“. Наскоро Златан ќе има главна улога во изборот на нов спортски директор на италијанскиот гигант, со што неговото влијание врз клубот ќе остане силно и во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фариоли го напушти Ајакс по дебаклот и загубената титула (Видео)

Италијанскиот фудбалски експерт Франческо Фариоли им соопшти на играчите во понеделникот н…