Дома Фудбал Зидан потврди: Наскоро се враќам

Зидан потврди: Наскоро се враќам

Французинот Зинедин Зидан потврди дека планира наскоро да се врати на тренерската функција.

„Ќе се случи наскоро, многу наскоро“, го цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Зидан на профилот на социјалната мрежа X.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Зидан го водеше Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Во овој период, под негово водство, Кралскиот клуб три пати ја освои Лигата на шампиони, два пати беше шампион во шпанската Ла Лига и исто толку пати ја крена Суперкупата на Шпанија.

Последните гласини велат дека Зидан ќе го замени Дидие Дешан како селектор на националниот тим на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски: Сè беше договорено со Барселона, но… (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски гостуваше во „Лазаров Подкаст“, кад…