Дома Фудбал Жозе, можеби е малку и до тебе? Мурињо го очекуваат пеколни 30 дена

Жозе, можеби е малку и до тебе? Мурињо го очекуваат пеколни 30 дена

Во извонредно чуден развој на ситуацијата, Жозе Мурињо не чекаше долго за нов ангажман откако беше практично избркан од Фенербахче кој веќе немаше трпение за него.

Комплетно неочекувано, се врати на клупата на Бенфика, најжестокиот ривал на Порто со кој се прослави, но и клуб кој го водеше во втората половина на 2000 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Посебниот“ изјави на прес-конференција дека Фенербахче „не беше неговото културно и фудбалско ниво”, а сето тоа го заокружи со убедлива победа во гости против Авес.

Сепак, синоќа на премиерата пред домашната публика го дочека студен туш, бидејќи Рио Аве во последните моменти на натпреварот, слично на познатиот зајак за кој раженот веќе беше подготвен, побегна во шумата и избега од поразот.

Мачно се бореа „орлите” до самиот крај на натпреварот, поведоа дури во 86. минута со голот на Судаков, за потоа Андре Луис со убав удар во првата минута од продолжението на времето да го прекине низот на Рио Аве кој на Луж не освоил ниеден бод во последните 20 години.

Бесните навивачи на Бенфика не го криеја своето незадоволство, па се добива впечаток дека Мурињо нема да може со симпатични изјави да ја придобие публиката на своја страна, туку исклучиво со победи, што во наредниот месец ќе биде неверојатно тежок, некои тврдат и невозможен предизвик.

Дочекот на Жил Висенте не би требало да претставува проблем, но потоа следуваат две топли гостувања токму поради “Посебниот”, прво во Лондон против Челси чии навивачи топло ќе го поздрават, а потоа и во Порто чии навивачи “предавството” никогаш не го забораваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…