
Младиот голман на Сантос, Жоао Педро, блеска на голот на Бразил на Светското првенство за играчи до 17 години, кое се одржува во Катар.
Младите Бразилци се четирикратни светски шампиони во оваа категорија, но по освојувањето на првото место во групата, во нокаут фазата имаа големи проблеми за да стигнат до следната рунда на натпреварувањето.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Прво во шеснаесеттина финале против Парагвај (1:1), потоа и во осмина финалето против Франција (1:1), во двата случаи мораа да играат продолженија и на крај успешно се пробија понатаму благодарение на подобро изведување пенали.
Поточно, благодарение на подобрите одбрани на голманот, бидејќи на голот на Бразил стои извонредниот Жоао Педро. Овој младинец, роден на 18 март 2008 година, прво против Парагвај одбрани три пенали, потоа истиот подвиг го повтори и против Франција.
Вкупно шест пати успеа да ја заштити својата мрежа од белата точка и да му помогне на националниот тим да се пласира во четвртфинале каде што младите Бразилци ќе играат против врсниците од Мароко.
Бразилските медиуми се воодушевени, а одбраните на Жоао Педро ги прославија како да се голови.
Светското првенство за играчи до 17 години се одржува во Катар и трае до 27 ноември кога е на програмата финалето. Титулата ја брани Германија, која пред две години во Индонезија беше подобра од Франција.