Дома Фудбал Жестоко соопштение од играчот на Бенфика кој беше обвинет од Винисиус

Жестоко соопштение од играчот на Бенфика кој беше обвинет од Винисиус

Реал Мадрид синоќа славеше во Лисабон против Бенфика (0:1) во првиот меч од плејофот на Лигата на шампионите, но целиот свет зборува само за скандалот што се случи по голот на Винисиус Жуниор. По сето тоа се огласи и Џанлука Престјани, кого Бразилецот го обвини за расизам поради што натпреварот беше прекинат.

Неверојатни тензии гледавме синоќа во Лисабон каде што Бенфика и Реал одиграа прв меч од плејофот на Лигата на шампионите, а на крајот кралскиот клуб успеа да слави со минимални 1:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 50. минута кога Винисиус Жуниор постигна гол за победа на Реал Мадрид, но за жал за тоа утрово речиси никој не зборува.

Во центарот на вниманието е тоа што се случи по голот на Винисиус. Тој провоцираше со прославата на голот, а потоа започна вербално препукување со Престјани и ги шокираше сите кога отиде до главниот судија и предизвика прекин.

Неколку часа по полноќ се огласи и Престјани на социјалните мрежи со жестоко соопштение, демантирајќи дека го навредувал Винисиус на расна основа.

„Сакам јасно да кажам и да расчистам едно, а тоа е дека во ниту еден момент немав директна расистичка навреда кон Винисиус кој очигледно погрешно слушнал што реков. Никогаш не сум бил расист кон некого и жал ми е што на крајот добив вакви закани од играчи на Реал Мадрид“, порача играчот на Бенфика.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналд Куман: Некогаш на „Камп Ноу“ противниците страдаа, а сега…

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, ги сподели своите гледишта за сегашната сос…