Дома Фудбал Жестока закана за Мбапе: Остави го Насер на мир, инаку ќе кажам дека си…

Жестока закана за Мбапе: Остави го Насер на мир, инаку ќе кажам дека си…

Килијан Мбапе се наоѓа во Соединетите Американски Држави со Реал Мадрид, но вчера одекна веста дека го тужел својот поранешен клуб ПСЖ.

Париското обвинителство тврди дека Мбапе го тужел францускиот клуб поради „морално злоставување“. Ѕвездата на Реал Мадрид се наоѓа на суд со поранешниот тим и бара од ПСЖ да му исплатат 55 милиони евра кои наводно му ги должат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Французинот минатото лето пристигна во Реал и одигра одлична сезона, барем индивидуално, но имаше нешта што го вознемируваа и сега одлучи да поднесе тужба и да влезе повторно во конфликт со ПСЖ, неговите сопственици и навивачите на тој клуб.

Познатиот француски репер „Буба“ се огласи на социјалната мрежа Х за да му се „закани“ на напаѓачот на Реал Мадрид.

„Ако не го оставиш Насер Ал-Келаифи [претседателот на ПСЖ] на мира, ќе кажам што правиш во Палм Бич, со кого си и зошто те боли стомакот“, пишуваше во пораката што ја напиша францускиот репер, мислејќи на гастроентеритисот кој го претрпе напаѓачот на Реал Мадрид минатата недела, губејќи пет килограми.

Фото: Grok AI

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ со голема најава: ВАР собата во Македонија ќе биде една од најмодерните во Европа!

Фудбалската федерација на Македонија денеска имаше голема најава за ВАР системот кој од на…