Дома Фудбал „Земјотрес“ во Манчестер: Челси го избрка, а сега се враќа да го спасува Јунајтед!?

„Земјотрес“ во Манчестер: Челси го избрка, а сега се враќа да го спасува Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед во јануари има јасна цел – да го зајакне средниот ред. Клубот ја означи позицијата на играч од средниот ред како клучна за натамошниот тек на сезоната и конкурентноста во сите натпреварувања.

Стручниот штаб внимателно го следи пазарот и планира брзи потези во зимскиот трансферен период.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во потесниот избор за трансфер влегоа седум играчи: Конор Галагер (Атлетико Мадрид), Карлос Балеба (Брајтон), Елиот Андерсон (Нотингем Форест), Адам Вартон (Кристал Палас), Тајлер Адамс (Борнмут), Анџело Стилер (Штутгарт), Рубен Невес (Ал-Хилал) и Жоао Гомес (Волвс).

Одлуките ќе зависат од достапниот буџет, подготвеноста на играчите за трансфер и преговорите со клубовите, иако според медиумите најблиску до трансфер во Јунајтед е бившата ѕвезда на Челси, Конор Галагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради итност Барселона лета за Мадрид веднаш

Прогнозата за исклучително лошо време го принуди тимот на Барселона да ги промени своите п…