Дома Фудбал Земјотрес во Мадрид: Флорентино Перез се повлекува од Реал

Земјотрес во Мадрид: Флорентино Перез се повлекува од Реал

Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се повлече пред истекот на мандатот.

Долгогодишниот прв човек на Реал планира да ја напушти функцијата во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, пренесува новинарот Пепе Аларез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што се наведува, 78-годишниот Перез сака уреден и плански пренос на власта во клубот, без разлика дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдум или не.

Перез првпат стана претседател на Реал во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година, трае до денес.

За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид седум пати беше првак на Европа, исто толку пати го освои Суперкупот со пет трофеи во Лигата на шампионите и три Купа на Кралот.

Во исто време, кошаркарите освоија седум титули во ACB лигата, три Евролиги и седум трофеи во Купот на Кралот.

Претседателот е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.

За сега не е познато кој би можел да го наследи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Замена без преседан: Флорентино го нуди Винисиус во замена за ѕвезда на ПСЖ

Реал Мадрид повторно ја потресе фудбалската јавност низ цела Европа. Овој пат не станува з…