Дома Фудбал „Земјотрес“ на „Олд Трафорд“: Керик добива фудбалер за титула

„Земјотрес“ на „Олд Трафорд“: Керик добива фудбалер за титула

На Олд Трафорд сериозно се подготвува лето на големи промени и уште поголеми доаѓања. Манчестер Јунајтед бара ново срце за средниот ред, а вниманието е насочено кон Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед веќе планира летен трансфер период, а еден од приоритетите ќе биде носењето на централен играч за врска кој може да донесе стабилност и победнички менталитет на средината од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Под водство на Мајкл Карик, Црвените ѓаволи влегоа во серија од четири последователни победи во лигата, што повторно ги разбуди амбициите за пласман во Лигата на шампионите и враќање на врвот на англискиот фудбал.

Сепак, јасно е дека екипата во лето ќе претрпи промени, особено во средниот ред, каде се очекува заминување на еден од најискусните играчи во тимот.

Касемиро потврди дека по истекот на договорот ќе го напушти Олд Трафорд, а во клубот веќе работат интензивно на пронаоѓање на соодветна замена која би можела да ја преземе неговата улога.

Станува збор за Сандро Тонали, играч за врска на Њукасл Јунајтед и италијански репрезентативец, кој според пишувањата на англиските медиуми, е високо на листата на желби на Манчестер Јунајтед.

Тонали се приклучи на Њукасл од АЦ Милан во 2023 година за 55 милиони фунти, но неговата пазарна вредност денес се проценува на околу 100 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок бомбастичен трансфер, Габриел Жезус во италијанскиот великан!

Стигна летото 2022 година од Сити во Арсенал за 52 милиони евра. Оваа сезона поради повред…