Дома Останати Кошарка „Земјотрес“ во Евролигата: Светскиот шампион ја напушти НБА и се врати во Европа

„Земјотрес“ во Евролигата: Светскиот шампион ја напушти НБА и се врати во Европа

Кошаркарскиот репрезентативец на Германија, актуелниот светски шампион, Даниел Тајс, потпиша за Монако, како што објави Евролигата.

Тајс (32) се врати во Евролигата по сезоната 2016/17 кога настапуваше за германскиот Бамберг. Во меѓувреме настапуваше во НБА лигата за бројни екипи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Играл за Бостон Селтикс, како и Чикаго Булс, Хјустон Рокетс, Индијана Пејсерс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Ќе биде значително засилување на центарската позиција за Монако, кој во таа линија на тимот ги има Донатас Мотијејунас, Јоргос Папајанис и Мама Жаите.

Монако е четвртопласираниот тим на табелата на Евролигата со 16 победи и 10 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пренесе нови лоши вести за повредата на Јокиќ

Денвер Нагетс пренесоа нови лоши вести поврзани со состојбата на повредата на Никола Јокиќ…