Дома Фудбал Заработката на Меси во Интер Мајами јасно покажува зошто си замина од ПСЖ

Заработката на Меси во Интер Мајами јасно покажува зошто си замина од ПСЖ

Неверојатната сума пари што ја заработи фудбалската легенда, Лионел Меси, додека играше за тимот Интер Мајами сега е откриена.

Меси во својата кариера освои осум Златни топки, а исто така и 46 трофеи во клубската и репрезентативната кариера, јасно е дека не е евтино да го имате во тимот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Неговиот талент, како и сè што постигна, му обезбеди да стане еден од најплатените спортисти во светот, заедно со Кристијано Роналдо и НБА легендата Стеф Кари.

Но, тоа не беше секогаш така и е познато дека Лео Меси заработуваше околу 600 евра месечно кога го потпиша својот прв договор со Барселона.

Сега, две години по што направи, за многумина шокантен потег, со премин во МЛС каде потпиша за Интер Мајами, откриени се деталите за колку пари заработил.

По 21 година помината во Барселона Меси одлучи како слободен играч да потпише за тимот Париз Сент-Жермен и таму освои две титули во домашното првенство.

Само неколку месеци откако освои Светско првенство во 2022 година со Аргентина, Меси одлучи да не остане во главно во градот на Франција, и се префрли во тимот Интер Мајами каде има договор до крајот на 2025 година.

Како дел од договорот, Меси во Интер Мајами заработува околу 337 илјади евра неделно и тоа без бонуси и без никакви спонзорства вклучени во таа сума.

Тоа значи дека од своето доаѓање на 13 јули 2023 година во овој клуб, Меси заработил нешто повеќе од 39 милиони евра за 113 недели во договор со овој клуб.

Јасно е секако дека Меси е најплатениот играч во клубот, но и во целата МЛС лига, а по него е Серхио Бускетс кој заработува околу 150 илјади евра неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Руни ја заклучил својата сопруга поради Ливерпул!

Пред саботниот Мерсисајд дерби, легендарниот Вејн Руни, кој израсна како навивач на Еверто…