Управата на фудбалскиот клуб Јувентус сака да го доведе напаѓачот Виктор Осимен во летниот трансфер период, како замена за Душан Влаховиќ, кој тогаш скоро сигурно ќе го напушти тимот.
Српскиот репрезентативец заврши тригодишен циклус во Јувентус и не се очекува да остане во клубот по летото, откако неговите менаџери одлучија да ги прекинат преговорите за продолжување на соработката кога слушнаа дека управата не планира да му ја зголеми платата, пренесоа денеска италијанските медиуми.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Влаховиќовиот договор истекува во 2026 година, а управата сака да го продаде ова лето за да го спречи да како слободен играч, без обештетување, го напушти клубот.
Како што пренесе Газета дело Спорт, првата опција за заменик на Влаховиќ е Осимен, кого директорот на Јувентус, Кристијано Ѓунтоли, го цени. Ѓунтоли го доведе Осимен во Наполи во 2020 година и би сакал заеднички да соработуваат и во Торино.
Во Јувентус веруваат во нивниот добар однос и дека Ѓунтоли ќе го убеди нигерискиот фудбалер да дојде во Торино. Осимен моментално игра за Галатасарај, на позајмица од Наполи. Се очекува дека Наполи нерадо ќе го продаде својот Осимен, во чиј договор има откупна клаузула од 75.000.000 за странски клубови.
Управата на Јувентус очекува дека со продажбата на Влаховиќ ќе собере средства и ќе понуди примамлива понуда на Наполи, бидејќи верува во способноста на Осимен да комбинира брзина, физичка сила и добра завршница, но и искуството од играње во Серија А, наведе Газета.
Исто така, „Бјанконерите“ би ја ослабнале конкуренцијата, иако на Наполи им оди одлично и без Виктор Осимен.