
Џанлуиџи Донарума и ПСЖ никако не можат да постигнат договор за нов договор, и сега Парижаните решија да ангажираат нов голман.
Веќе некое време, Парижаните имаат проблеми со својот прв голман и една од најголемите ѕвезди на тимот – Џанлуиџи Донарума.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Имено, Италијанецот во моментов не сака да потпише нов договор и бара огромна плата, а од друга страна, ПСЖ не е подготвен да попушти и да ги исполни сите негови услови.
Сега во Париз одлучија да преземат одредени чекори и да донесат нов голман во своите редови, а тоа ќе биде Лукас Шевалиер.
Шевалиер е многу талентиран голман кој има само 23 години и моментално игра за францускиот Лил каде што досега има одиграно 99 натпревари.
Францускиот голман веќе претходно беше поврзуван со многу европски фудбалски гиганти, а најголем интерес покажа Манчестер Јунајтед.
Лукас веќе ги помина сите младински селекции на француската репрезентација, а во ноември доби повик и за сениорската репрезентација.