
Феликс Баумгартнер, австрискиот екстремен спортист кој прв изведе скок од вселената, почина на 56 години по несреќа со параглајдер.
Според австриските медиуми, Баумгартнер загинал во Италија додека летал со моторен параглајдер. На него нагло му се слошило среде лет, по што изгубил контрола врз параглајдерот и паднал во хотелски базен во селото Порто Сант‘Елпидо на јадранскиот брег. Тој наводно починал на самото место на несреќата, а притоа бил повреден и еден хотелски работник.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Баумгартнер се прослави во 2012 кога скокна на Земјата од хелиумски балон во вселената. Притоа постави светски рекорд откако леташе 38 километри, достигнувајќи проценета максимална брзина од 1,25 маха (1.342 километри на час), со што стана првиот човек кој ја пробил звучната бариера без моторен погон. Настанот што беше организиран од „Ред бул“ беше следен од милиони луѓе низ целиот свет. Баумгартнер потоа се повлече од екстремните спортови.
Баумгартнер скокаше и од високи обележја на Земјата, како кулите „Петронас“ во Куала Лумпур и статуата на Исус во Рио де Жанеиро.