Дома Фудбал Навивач на Ливерпул доби забрана за влез на стадион!

Навивач на Ливерпул доби забрана за влез на стадион!

Станува збор за 47-годишен жител на Ливерпул, кој беше отстранет од стадионот по прекинот на натпреварот, а потоа уапсен во саботата.

Навивачот кој во петокот на Енфилд упати расистички навреди кон фудбалерот на Борнмут, Антоан Семенјо, моментално доби забрана за влез на сите стадиони во Велика Британија, соопшти полицијата денес.

Станува збор за 47-годишен жител на Ливерпул, кој беше отстранет од стадионот по прекинот на натпреварот, а потоа уапсен во саботата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Осомничениот е ослободен со условна мерка што му забранува посета на “било каков регулиран фудбалски натпревар на Обединетото Кралство”, како и приближување под 1,6 километри од стадионите.

Полицијата изјави дека истрагата е сè уште во тек и дека тесно соработува со клубот.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут (4:2) беше прекинат во 29. минута, откако Семенјо пријави навреди од публиката. Ганскиот крилен напаѓач, кој постигна и двете гола за Борнмут на тој натпревар, изјави подоцна дека овој инцидент “ќе го обележи засекогаш”.

“Не поради зборовите на една личност, туку затоа што целата фудбалска заедница се обедини и ми даде поддршка”, напиша Семенјо на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата донесе ново правило, а Арсенал пронајде начин да го искористи во своја корист!

Навивачите на Олд Трафорд забележаа „интересен“ потег на Арсенал кога станува збор за ново…