Дома Фудбал За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

Европската фудбалска федерација донесе одлука за казнување на Црвена ѕвезда поради случувањата на реванш натпреварот во Лига Европа против Лил, пренесува “Мундо Депортиво”.

УЕФА ги казни црвено-белите со 95.500 евра, од кои 40.000 се однесуваат на “неприкладна порака за спортскиот настан”, како и за срамење на фудбалот, особено на УЕФА.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во текот на натпреварот, навивачите на ѕвезда презентираа кореографија со ликот на Свети Симон, основачот на српската држава во 12-от век.

Покрај ликот на Свети Симон беше истакната и пораката: “Нека нашата вера не води до победа”.

Дополнително, УЕФА ја казни Звезда со 17.000 евра за палење факли и со уште 10.500 евра за фрлање предмети на теренот.

На крајот, има и казна од 28.000 евра за блокирање скали.

Вреди да се спомене дека УЕФА го казни и Лил со 89.000 евра, бидејќи нивните навивачи на првиот натпревар развија транспарент “Нема предавање”, на кој Косово беше прикажано како дел од Србија.

Францускиот клуб, исто така, е казнет со 40.000 евра за палење факли и фрлање предмети, како и со 24.000 евра за блокирање скали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска одлука во најва: Манчестер Сити останува без 60 бодови и се преселува во понизок ранг!?

Веќе долго време трае правната битка помеѓу Манчестер Сити и Премиер лигата за наводни фин…