Едриличарот Миловоја Дукиќ е прогласен за најдобар спортист на Црна Гора за 2024 година.
Оваа година, по четврти пат во својата кариера, тој учествуваше на Олимписките игри и во Париз го освои 14-тото место.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Црногорскиот олимписки комитет одлучи Дукиќ да го постави пред сите и на момчето од Херцег Нови да му ја додели наградата за најдобар во земјата.
Пред Дукиќ, оваа награда ја освоиле славни имиња како Александар Ивиќ, Катерина Булатовиќ и Марија Вуковиќ, а последниот лауреат беше Ненад Дуловиќ.
За најдобра репрезентативна селекција беа прогласени ватерполистите и ракометарките.