
Германскиот експерт се смета за тренер кој не само што создава системи, туку и играчи. Под негово водство блескале Мохамед Салах, Садио Мане, Марко Ројс, Марио Геце, Илкај Гундоган, Матс Хумелс, Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и многу други. Многу од нив пристигнаа како таленти или „добри играчи“, а заминуваа како глобални ѕвезди.
Клоп остави посебен впечаток во Борусија Дортмунд, каде од млада и неискусна екипа направи европска сила. Во тој период и Роберт Левандовски се развиваше, тогаш уште релативно непознат напаѓач од Полска, кој дојде во Германија без големо име, но со огромен потенцијал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Токму Клоп беше тој кој препозна дека Левандовски не е само класичен голгетер. Во неговиот систем, Полјакот научи да игра со грбот свртен кон голот, да учествува во пресингот, да отвора простор за соиграчите и да биде комплетен напаѓач. Тој развој беше основа за сè што подоцна следеше во Баерн и Барселона.
„Не би било фер да го кажам тоа за никој друг освен за Леви. Она што го направи од својот потенцијал и како сам се туркаше да стане играч каков што е денес – тоа е извонредно. Ако сите фудбалери се развиваа како него, светот на фудбалот би бил целосно луд“, рече Клоп.