Дома Фудбал За Баерн вечерва може да брани дете од 16 години, клубот мора да му извади посебна дозвола и да го ослободи од училиште

За Баерн вечерва може да брани дете од 16 години, клубот мора да му извади посебна дозвола и да го ослободи од училиште

Баерн Минхен се подготвува за возвратниот дуел против Аталанта во осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се игра вечерва во 21 часот, но тренерот на баварскиот гигант, Винсент Компани, се соочи со значајни предизвици при составувањето на тимот за оваа средба.

По победата од 6:1 во Бергамо, Баерн има силна позиција за пласман помеѓу најдобрите осум во Европа. Сепак, Компани сега е загрижен за тоа кој ќе го брани голот вечерва.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сите три први голмани на тимот — Мануел Нојер, Свен Улрајх и Јонас Урбиг се повредени, а во „аут“ е и Леон Кланац од тимот до 19 години, па според најавите ќе брани 16-годишникот Леонард Прескот.

Шеснаесетгодишниот Прескот би можел да дебитира и со тоа да постави нов рекорд како најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите, надминувајќи го претходниот рекорд кој го држи Маартен Вандевурт уште од неговата 17-та година.

Но, за Прескот да се појави или барем да биде на клупата, потребно е да се помине низ неколку процедури.

Баерн мора да добие дозвола од властите бидејќи според германскиот закон за заштита на младите личности, на малолетните лица не им е дозволено да работат по 20 часот.

Поради ова, клубот поднесе барање за специјално исклучување за Прескот, кое треба да биде потпишано од директорите на Баерн, од самиот Прескот, неговите родители и неговото училиште.

Дури и ако добие дозвола, Прескот би требало да го напушти стадионот во случај на продолженија, бидејќи никако не смее да биде на работа по 23 часот, но тоа не е реално да се случи бидејќи Баерн победи во првиот натпревар со 6-1.

Дополнително, одредбите од германскиот закон бараат минимум 12 часа одмор пред следното работно време, што значи дека Баерн ќе треба да го ослободи Прескот од настава наредниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва се вика оптимизам: Гарначо беше изненаден од потегот на Росениор на негатива од 8-2

Фудбалерите на ПСЖ го уништија Челси во осминафиналето на Лигата на шампионите со вкупен р…