Дома Фудбал Вториот најдобар стрелец во Серија А се враќа на терените откако колабираше

Вториот најдобар стрелец во Серија А се враќа на терените откако колабираше

Напаѓачот на Фиорентина, Моисе Кеан, доби дозвола да се врати на натпреварувачки активности откако се опорави од тешка повреда на главата. Италијанскиот репрезентативец, кој има 25 години, се сруши на теренот за време на поразот на Фиорентина во натпреварот од Серија А против Верона на 23 февруари и беше пренесен во болница откако беше изнесен на носила.

Кеан доби ненамерен удар со колено во лице за време на борба за топка со Павел Давидович во второто полувреме и по укажаната помош се врати на теренот, но кратко по враќањето во играта, се онесвести и во почетокот изгледаше дека не реагира. Поранешниот напаѓач на Пари Сен-Жермен, Јувентус и Евертон беше пуштен од болница ден по сударот, бидејќи прегледите покажаа дека не претрпел потрес на мозокот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Една недела по пуштањето од болницата во Верона, Фиорентина соопшти радосна вест за Кеановото закрепнување. “АКФ Фиорентина објавува дека утрово Моисе Кеан помина закажани важни клинички прегледи по повредата на главата, која се случи за време на натпреварот Хелас Верона – Фиорентина.

Со оглед на позитивниот исход од извршените прегледи, играчот може да продолжи со редовни фудбалски активности”, стои во официјалното соопштение на клубот објавено во понеделник. Кеан е со 15 голови втор стрелец оваа сезона во Серија А, а подобар од него е само Матео Ретеги од Аталанта со 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гундоган раскажа како одлучил да се врати во Манчестер сити, еден збор на неговата сопруга променил се

Илкај Гундоган летото 2023 година потпиша за Барселона, но остана во каталонскиот клуб сам…