Дома Фудбал Вреди 140 милиони евра, го сакаат сите клубови, а Нејмар никогаш не слушнал за него (Видео)

Вреди 140 милиони евра, го сакаат сите клубови, а Нејмар никогаш не слушнал за него (Видео)

Флоријан Вирц, креативниот играч од средниот ред на Баер Леверкузен и германската репрезентација, е најбараниoт фудбалер во последните два трансфер периода. Transfermarkt го проценува на 140 милиони евра, што го прави седмиот најскап играч во светот. За него се заинтересирани речиси сите најголеми европски клубови, но не сите знаат за германскиот генијалец.

Еден од оние до кои гласот за Вирц уште не допрел е и Нејмар. Бразилскиот напаѓач игра во Сантош, клубот на неговото детство и се чини дека не го следи најдобро европскиот фудбал откако го напушти во 2023 за кратко време во Саудиска Арабија.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Нејмар даде кратко интервју за Sky Sport. Новинарот го праша дали знае кој е Вирц, а Нејмар со многу збунет поглед рече дека не знае кој е тоа. Истото прашање беше поставено и за играчот на Бајерн, Мусиала, за кого Бразилецот сепак слушнал: “А, Мусиала, да. Одличен играч. Мајстор. Мислам дека ќе биде еден од најдобрите во иднина.”

Иако Баерн беше фаворит да го доведе Вирц, се чини дека младиот Германец ќе заврши во Ливерпул. Трансферот сè уште не е сигурен бидејќи Ливерпул прво треба да постигне договор со Леверкузен, што нема да биде лесно поради финансиските барања.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер ја почнува реконструкцијата со играч на Реал Мадрид

Според италијанските медиуми, Интер покажува силен интерес за играчот на Реал, талентирани…