Дома Моторспорт Возач на годината во Формула 1 е избран Макс Верстапен

Возач на годината во Формула 1 е избран Макс Верстапен

Холандскиот возач Макс Верстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, иако оваа сезона не ја освои светската титула. Оваа титула му е доделена по изборот на возачите кои учествуваат во гласот редовно, а ова е петти пат по ред како го крева трофејот.

Пресметката на бодовите беше направена врз основа на актуелниот систем за бодирање во Формула 1. Најдобриот возач на секоја листа доби 25 поени, додека десеттиот доби еден поен. Возачот на Ред Бул ја освои титулата пред светскиот шампион Ландо Норис од Мекларен, а на третата позиција се најде Џорџ Расел од Мерцедес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од започнувањето на оваа анкета во 2018 година, прв пат десетте најдобри возачи не го вклучуваат Британецот Луис Хамилтон (Ферари). Вкупно учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ланс Строл и Јуки Цунода не дадоа свој глас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

„Срамота е што му прават на Михаел Шумахер“

Дванаесет години поминаа од тешката скијачка несреќа на Михаел Шумахер во Мерибел, Франциј…