Дома Фудбал Волфсбург испаѓа од Бундеслигата поради вештачка интелигенција!

Волфсбург испаѓа од Бундеслигата поради вештачка интелигенција!

Последен пат кога Волфсбург испадна од Бундеслигата беше во сезоната 1996/1997.

Волфсбург оваа сезона се бори за опстанок во Бундеслигата, нешто што никој не го очекуваше. Некогаш играа во Лигата на шампионите, но оваа сезона се претвори во кошмар за навивачите на овој клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Волфсбург сега е во сериозни проблеми. Во моментот се наоѓаат на 17. место на табелата и немаат победа од средината на јануари.

Дефанзивните проблеми се голема причина за ова. Тимот прима над два гола по натпревар, а досудени им се и шест пенали. Сепак, постои и подлабок проблем внатре во клубот. Направија промена во позадина која требаше да го модернизира клубот, но наместо тоа отвори сериозни прашања.

Според локалните медиуми, Волфсбург воведе повеќе од 50 алатки за вештачка интелигенција во различни сектори. ВИ се користи за анализа на теренот, извидување, медицинска поддршка, па дури и развој на младите играчи. На тој начин клубот заштеди околу милион евра годишно. Сепак, резултатите на теренот зборуваат сосема друга приказна.

Повредите дополнително ја влошуваат ситуацијата. Клучните играчи беа отсутни, а останатите не успеаја да одржат константна форма. Освен тоа, честите промени на тренерите само го зголемија хаосот во тимот.

Сега притисокот е огромен. Дитер Хекинг се врати да го стабилизира тимот, но времето е се помалку.

Освоија само еден бод во последните два натпревари, а разликата во однос на сигурната зона расте. Секој следен натпревар има огромно значење.

Следниот предизвик е особено тежок – гостување на Бајер Леверкузен на “BayArena”, тим кој се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Сега е сè во рацете на Хекинг: Дали може да го извлече Волфсбург од опасната зона? Ако не успее, клубот ќе игра во втората лига првпат по сезоната 1996/97.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …