
Даниел Карвахал сѐ повеќе е свесен дека неговото време во кралскиот клуб полека се приближува кон крајот, пренесуваат шпанските извори.
Искусниот десен бек, познат по борбеноста и лојалноста, се наоѓа пред веројатно најтешката одлука во кариерата – напуштање на клубот кој му даде речиси сѐ.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иако конечната одлука сѐ уште не е донесена, се очекува Карвахал да пресече до крајот на сезоната, а сѐ повеќе сигнали укажуваат дека тековната сезона би можела да му биде последната во белиот дрес.
Неговиот договор истекува во јули, а во овој момент, според наводите на шпанските медиуми, е поблизу до заминување отколку до продолжување на соработката со Реал Мадрид.
Како најреална дестинација се споменува Катар, каде што веќе игра неговиот шура и близок пријател Хоселу, што дополнително ја влијае на одлуката на Карвахал.