
Страстите беа вжештени синоќа на првиот натпревар во плеј-офот за влез во осминафиналето на Лигата на шампионите во Лисабон.
Играа европските гиганти Бенфика и Реал Мадрид, а на крајот Кралскиот клуб славеше со резултат 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Винисиус Жуниор на маестрален начин.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, по тоа следуваа грди работи, а во главната улога беше токму Бразилецот Винисиус. Имено, по што го постигна голот, го прослави покрај аголот на теренот на начин што многумина го сметаат за несоодветен.
По што доби жолт картон, настана вистинска драма, а натпреварот беше прекинат за околу 10 минути поради расистичко навредување на играчот на Реал.
Kилиан Мбапе беше особено огорчен, а по натпреварот изјави дека Престиани дури пет пати го нарече Винисиус мајмун.
„Играчот со број 25 го нарече мајмун пет пати. Сите го чувме тоа. Не сакам дури ни да го изговорам неговото име бидејќи тоа не го заслужува. Сите вредности на фудбалот пропаднаа”, разочарано рече Мбапе.