Реал Мадрид одигра нерешено на гостувањето против Осасуна со резултат 1:1 во натпреварот од 24. коло на Ла Лига, одигран на стадионот Ел Садар во Памплона.
Натпреварот беше исполнет со контроверзни одлуки од страна на судиите, што предизвика незадоволство меѓу играчите и навивачите на Реал Мадрид.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Водечкиот гол за Кралевите го постигна Килијан Мбапе во 15. минута, по асистенција на Федерико Валверде од десната страна.
Сепак, во 39. минута, Реал Мадрид остана со играч помалку откако Џуд Белингам доби директен црвен картон по вербален конфликт со главниот судија Мунур Монтеро.
Осасуна изедначи во второто полувреме, кога хрватскиот напаѓач Анте Будимир реализира пенал досуден по прекршок на Едуардо Камавинга за конечните 1:1.
Реал Мадрид сега има само два бода повеќе од Атлетико и три од Барселона, кои допрва треба да ги одиграат своите натпревари од ова коло.