Дома Фудбал Во Ница можел да се случи хаос: Уапсени 100 навивачи на Рома!

Во Ница можел да се случи хаос: Уапсени 100 навивачи на Рома!

Повеќе од 100 навивачи на Рома беа уапсени во Ница поради обид да предизвикаат нереди пред фудбалскиот натпревар помеѓу двата клуба во Лига Европа.

Според информациите на РМС Спорт, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот дел на градот во Ница. Од нив биле одземени железни прачки и железни боксирачки.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пoлицијаата во Ница соопшти дека уапсиле 102 лица, идентификувани како „најжестоки вооружени навивачи на Рома“.

„Полицијата ги прекина овие активности и конфискуваше сето оружје“, се наведува во соопштението.

Исто така потврдија и дека ќе има поголемо полициско присуство за време на натпреварот и назначи дека околу 400 полицајци ќе се грижат за јавниот ред.

На сила е забрана за консумирање алкохол на улиците, а ноќните клубови во оваа област ќе бидат затворени порано. Натпреварот меѓу Ница и Рома ќе се игра во среда од 21 час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Топџиите за 60 милиони евра купуваат играч кој ги разби во 180 минути!

Арсенал моментално се наоѓа на врвот на Премиер лигата, а сè уште натпреваруваат во ФА Куп…